Два дена пратениците на ДПМНЕ и Влатко Ѓорчев ја блокираат Комисијата за труд и социјална политика и постапката за донесување на Предлог-законите за минимална плата и за стечајци.

Со јалови дискусии и бесцелни меѓусебни реплики ги блокираат законите кои што се од интерес на граѓаните, особено во интерес на економски најранливите категории.

Деструктивното однесување на ДПМНЕ продолжува и понатаму, независно од тоа што нивното однесување оди директно на штета на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ во суштина ја блокира можноста на вработените кои имаат најниски примања и на вработените во текстилната и кожарската индустрија да им се покачи платата на 12 000 денари.

Ја блокираат можноста конечно стечајните работници финансиски да го решат својот статус. Ги блокираат реформите во оваа држава, го блокираат просперитетот кој граѓаните го очекуваат.

Со ваквото однесување ДПМНЕ само го потврдува фактот дека за нив не се важни интересите на граѓаните, нивната подобра економска состојба, нивната подобра социјална заштита, туку се загрижени само за тесно-партиските интереси и благосостојбата на раководството од оваа партија.

Тажно е што ДПМНЕ после изборниот пораз и после обелоденувањето на целокупната криминална политика не успеа да се сврти и да работи заедно со граѓаните.

СДСМ нема да им го дозволи ова сценарио и нема да дозволи блокада на процесите кои што ќе обезбедат напредок , реформи и подобра економска состојба на граѓаните.

Никола Груевски на последните парламентарни избори доби јасна порака, а тоа е дека граѓаните не сакаат режим, не сакаат манипулации и не поддржуваат политика на тесно-партиски интереси.

Нема да дозволиме ДПМНЕ да блокира ниту една мерка што е во интерес на макар еден граѓанин во оваа држава.

ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе биде поразено.

Ќе го поразиме ние овде во Собранието, а Вие на изборите заедно со нас.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2017 21:27