Законот за јазици кој СДСМ се обидува да го донесе што побргу, може да биде оспорен од Уставниот суд по претставка на било кој граѓанин.
-Јас не знам која е точната поента на СДСМ. Дали Заев сака сега пред избори да ги злоупотреби чувствата и емоциите на албанските граѓани во Македонија или пак тоа му е нешто договорено со ДУИ. Но, јасно е дека свесно одат со неуставен закон за кој што се свесни дека понатаму било кој во државата да поднесе иницијатива во Уставниот суд, ако судот суди согласно Уставот и правично, тој закон ќе падне. И навистина се чудам дали тоа го прави самиот Заев сега пред избори да си поигра со чувствата на албанските граѓани или пак, се прави договорено со ДУИ, кога однапред се знае дека клучните одредби од законот кој го направиле се неуставни и дека тие можат да паднат при поднесување на претставка до Уставниот суд од било кој граѓанин на државата. Она што всушност го прават со овој закон, особено што првата фаза брзаат да ја поминат пред изборите, е всушност обид да гo прикријат своето неработење, негрижата која ја имаат, безидејноста и незнаењето како да се справат со реалните проблеми и на Албанците и на другите граѓани од различна етничка припадност, истакна Груевски.
Тој потенцира дека СДСМ брза со овој закон за на Албанците да им прикаже слика како да се бори за нив, а всушност проблемите на граѓаните не само што не се решаваат, туку се продлабочуваат.
-Животот нивни не само што не се подобрува, туку се влошува, рече Груевски.