Мексиканската Влада соопшти дека за персона нон грата е прогласен амбасадорот на Северна Кореја во Мексико во знак на протест поради нуклеарните тестови на Пјонгјанг.
На амбасадорот му е даден рок од 72 часа да ја напушти државата.
– Нуклеарните активности на Северна Кореја се сериозен ризик за меѓународниот мир и безбедност и се растечка закана во регионот меѓу кои и за сојузниците на Мексико, како Јапонија и Јужна Кореја, се вели во соопштение од Влаадата на Мексико.