Земјотрес со интензитет од осум степени по Рихтеровата скала го погоди денеска јужниот брег на Мексико.

Епицентарот на земјотресот бил на 123 км југозападно од градот Пијијијапан на длабочина од 33 км. Потресот бил почувствуван и во главниот град Мексико Сити.

Пацифичкиот центар за предупредување соопшти дека постои опасност од цунами.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/09/2017 10:12