Најмалку пет луѓе ги загубија животите во земјотресот со интензитет од 8 степени по Рихтеровата скала што го погоди денеска Мексико. Меѓу жртвите се и две деца.

Гувернерот на покраината Табаско, Артуро Нуњез, изјави дека едно дете загинало кога поради потресот се урнал ѕид, а едно бебе го загубило животот во детска болница кога поради прекин на струја, било прекинато и напојувањето на инкубатори.

Три лица загинале во мексиканската држава Чијапас.

Земјотресот го погоди јужниот брег на Мексико и покрена цунами. Епицентарот бил на 123 км југозападно од градот Пихихапан на длабочина од 33 км.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/09/2017 10:14