Со силен ветер од 260 километри на час и обилни врнежи, ураганот Ирма ја погоди Куба откако во изминатите денови ги опустоши Карипските острови. Кубанските власти известуваат дека дел од општините изгубиле електрична енергија, а извршена е евакуација на населението. Во меѓувреме се евакуира и населението во Флорида, а во сојузната држава беа затворени и две нуклеарни централи.

Претходно, Ирма ги погоди островите Туркс и Каикос, а направи голема материјална штета на островите Сент Бартс и Сент Мартин, каде што првичните проценки велат дека се уништени и до 95 проценти од зградите. Ова е до сега најсилен ураган на Атлантикот, а зад него веќе се движат уште два урагани Хозе и Катја. Метеролошките служби пренесоа дека Катја веќе го достигна мексиканското крајбрежје кај градот Теколутла, додека во Атлантскиот Океан ураганот Хосе се зајакна речиси до бура од петта категорија.

Катастрофалното невреме се случува само две недели откако САД го зафати урганот Харви, кој со себе зеде 66 жртви. Харви донесе големи поплави во Тексас и некои делови на Луизијана, каде илјадници луѓе беа приморани да ги напуштат домовите. Штетата предизвикана од ураганот Харви се проценува на 70 милијарди долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2017 12:39