Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди на деструктивната моќ на ураганот Ирма, кој достигна четврта категорија и забрзано се движи кон Флорида.
Тој ги повика граѓаните, кои се најзагрозени од удар на ураганот, да ги почитуваат препораките на Владата.
– Тоа е бура која има апсолутно историски деструктивна моќ. Ги молам сите кои се наоѓаат на нејзиниот пат да бидат внимателни и сериозно да ги прифатат препораките на владините претставници и полицијата, изјави Трамп преку видео снимка.