ВМРО-ДПМНЕ со 35 милиони денари инсталира ангографи во болниците низ Македонија со што постави високи европски стандарди на кардиолошката мрежа.

Од друга страна пак новата влада на СДС за овие 100 дена на власт, освен што ги задолжи граѓаните за 350 милиони евра, успеa неодговорно и расипнички да им ги потроши парите.

Неодоговорната влада на Заев за 350 милиони евра можеше да набави околу 580 ангографи кои многу ќе им значеа на граѓаните. Расипничката влада не набави ниту еден, а граѓаните не знаат каде се потрошени нивните пари.

Очигледно е дека за овие 100 дена владеење на Заев и СДС, здравјето на граѓаните е ставено во втoр план, a пак приоритет e луксузирањето и задоволувањето на нивните партиските војници.

Граѓаните на сопствена кожа ја почувствуваа расипничката и погубна политика која ја спроведува СДС и Заев.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше на власт ќе продолжеше да ги спроведува и да ги реализира проектите од кои граѓаните ќе имаа голема придобивка. Ќе се продолжеше да се инвестира во подобрување на македонскиот здравствениот систем, ќе се продолжеше да се инвестира и во образованието, во инфраструктурата, во носење на странски инвестиции се со цел отворање на поголем број работни места.

Јавноста се увери во неспособноста и расипништвото на оваа влада па затоа на 15-ти октомври, на локалните избори ќe и дадат црвен картон на СДС и нејзините расипнички политики.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2017 13:02