Министерот за здравство Арбен Таравари и регионалната директорка на Светската здравствена организација (СЗО) Зузана Јакаб вчера во Будимпешта потпишаа двегодишен договор за соработка, со што, како што соопшти Министерството за здравство, Македонија стана една од првите земји потписнички на овој договор.

Договорот за 2018/2019 година претставува наградба на веќе реализираниот договор за 2017/2018 година и дава насоки и цели за реализации во престојниот период.

- Активностите и целите предвивени во овој договор се во согласност со Здравје 2020 стратегијата на СЗО. Оваа стратегија е веќе прифатена во Македонија и е во целост усогласена со нашите политики како Министерство и воопшто како земја. Стратешки области за соработка се повеќе, но би ги издвоил, антимикробска резистенција, ментално здравје и здраво живеење, изјави министерот за здравство Таравари.

На регионалниот состанок на СЗО во Будимпешта министерот Таравари денеска ќе има обраќање во кое ќе ги претстави приоритетите на Министерството, предвидените реформи, како и стратегијата 2020 на Министерството за здравство која се прави во соработка со СЗО.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2017 11:23