СДСМ денеска пред очите на целата јавност одлучи пензиите на пензионерите да не се зголемат.
Прв пат после единаесет години нема да има покачување на пензиите во Република Македонија.
СДСМ не дозволи пензионерите да добијат плус уште една просечна пензија од 8.200 денари во текот на годината.
СДСМ треба пред пензионерите и целата јавност да одговор зошто се против зголемување на пензиите на пензионерите.
Ова парламентарно мнозинство покажа и докажа дека за нив партиските итнереси се многу поважни од интересите на граѓаните.
Со гласањето против Предлог законот за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, на денешната седница на Собранието на Репбулика Македонија парламентарното мнозинство предводнео од СДСМ спречи да продолжи трендот на зголемување на пензиите на пензионерите што беше редовна пракса во изминатите години.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Колицијата „За подобра Македонија“ во знак на револт ја напуштија Собраниската сала, бидејќи пратениците на СДСМ наместо да се борат за интересите на граѓанти во овој случај пензионерите, уште еднаш потврдија дека се само гласачка машинерија за штетините одлуки кои што ги спроведува Владата на Заев.
ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години во своето владеење ги зголеми пензиите на сите пензионери во Република Македонија. Најниската пензија се зголеми за 105 проценти и истата од 4.330 денари во 2006 година, се покачи на 8.895 денари. Додека просечната пензија која во 2006 година изнесуваше 7.684 денари, на крајот од 2016 година стигна до 13.754 денари, што е зголемување за 79%.
На овој начин ВМРО-ДПМНЕ се грижеше за пензионерите.
За разлика од нас СДСМ, продолжи онаму каде што застана во 2006 година, да ги лаже, манипулира пензионерите и да не ги покачува пензиите. СДСМ како и во минатото кога беше на власт им го сврте грбот на највозрасната популација во Република Македонија.
СДСМ пред очите на целата јавност спречи пензионерите да добијат покачување на пензиите, онака како што ги спречи студентите да добијат бесплатни компјутери, државните и административни службеници да добијат покачување на платите за 5% и како што спречија да се намалат трошоците за извршување.
Ваквото деструктивно однесување на СДСМ ќе биде казнето од страна на граѓаните на претстојните локални избори.