Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски денес на Комисијата за политички системи на која се разгледува Законот за јазиците, посочи дека европското знаменце на законот е со цел да се скратат дискусиите за овој закон бидејќи власта сака што побрзо да ја затвори оваа тема.

Димовски на комисијата повика да се организира јавна расправа за овој закон на која што ќе бидат поканети експерти македонисти, албанолози, професори и сите други кои што се засегнати со оваа проблематика и на јавен и транспарентен начин да се дебатира за ова битно прашање.

Тој додаде дека начинот на кој што власта сака да го протне законот е политичко силување.

Во продолжение на својата изјава, Димовски рече дека на овој начин како што постапува владата овој закон наместо да гради доверба единствено ќе предизвика долгорочни проблеми бидејќи е крајно неприфатлив за македонската јавност и што е најважно во целост е надвор од Уставот на Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2017 17:18