Владата предводена од СДСМ и парлaмeнтарното мнозинство преку спроведените мерки што беа дадени како ветувања пред граѓаните докажуваат дека зборот, навистина е збор. Уште во првите сто дена од мандатот донесени се низа проекти и мерки што обезбедуваат поквалитетен живот, повисок животен стандард и повеќе пари во семејните буџети.

Враќањето на дневната евтина тарифа на струјата е во завршна фаза и таа од први октомври ќе стане реалност за сите граѓани. Секој ден од 14 до 16 часот, како и од 22 часот во сабота до 7 часот во понеделник ќе биде достапна евтина тарифа на електрична енергија за сите потрошувачи.

Истовремено, активно се работи на новиот Закон за енергетика, а се обновува и прекинатата соработка со Европската енергетска заедница. Соработката со Енергетската заедница ќе биде од помош на Република Македонија да донесе европски закони за енергетика и енергетска ефикасност. Со тие закони воопшто не се предвидува покачување на цената на електричната енергија за граѓаните, туку тие предвидуваат намалено непотребно трошење и намалување на регулираните дејности.

Домашните инвеститори кончено ќе бидат израмнети со странските инвеститори. Секој инвеститор што планира нова инвестиција, без разлика дали е домашен или странски ќе добие од државата поволности и олеснувања. За таа цел, инвеститорите ќе имаат можност да се одлучат помеѓу неколку различи пакети или таканаречени менија кои ќе нудат поволности во зависност од видот и големината на инвестицијата.

Интензивно се работи и на отстранување на затекнатите проблеми со започнатите автопатишта и нивна целосна реализација во интерес на граѓаните и државата.

Владата предводена од СДСМ продолжува посветено да работи на поголема поддршка на компаниите, на изградба на квалитетна инфраструктура и на враќање на повеќе пари назад кај граѓаните.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2017 17:20