Владата на СДСМ во сто дена работење во извршната власт, според најновите економски показатели, отпочнала една нова ера, ера на падови во македонска економија.
Имено, според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2017 година е -1.8%. Ова е втор последователен пад откако во првиот квартал бележеше стагнација или беше 0%.
Ваков вртоглав пад на БДП одамна на памети македонската економија.
За споредба, БДП во второто тримесечие за 2016 година изнесуваше 2.2%, а за истиот квартал во 2015 БДП беше 2.6 %. Иако ова беше еден тежок период за македонската економија заради политичката криза што ја креираше СДСМ, сепак тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ вложи максимални напори за да ги амортизира негативните ефекти врз македонската економија.
Домашната економија растеше забрзано и за време на првата година од мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, стапката на раст на БДП во 2007 година достигна рекордни 5.8%. Исто така во 2008 година кога ниту Република Македонија не можеше да биде изолирана од надворешните шокови кои ги носеше светската финансиска криза, сепак стапката на раст на БДП беше стабилни 5%.
Најновиот податок што го објави Државниот завод за статистика за БДП од -1.8% е петти по ред во низа за еден краток период, односно петти податок од економската сфера кој укажува на сериозен пад на економијата. Најголем пад има во секторот на градежништвото каде што се бележи пад од дури 19.9% за издадени одобренија за градба во однос на истиот месец од претходната година.
Потсетуваме дека претходно Државниот завод за статистика објави податоци и дека извозот во Македонија за јули 2017 споредено со јуни 2017 е намален за 11,9%. Овие падови во економијата се сериозни и истите наговестуваат големи проблеми за Македонија, граѓаните и бизнис секторот. Така на пример извозот од Република Македонија во јули 2017 споредено со јули 2016 е намален за 5,6%.
Во серијата на падови во македонската економија се и податоците за пад на просечната плата, за падот на индустриското производство, како и за сериозен пад на девизните резерви на државата.
Затоа и според НБРМ, пониските остварувања во првото и второто тримесечје создаваат надолни ризици за проекцијата на БДП од 2,5% за целата 2017 година.
Социјал-демократскиот сојуз со своите штетни економски политики, и незнаење ја донесе државата на работ на рецесија.
Ја повикуваме Владата да го напушти трендот на популизам и дефокус од економијата и конечно да се заинтересира за нејзин напредок, за подобрување на извозот, за привлекување на инвестиции и отворање на нови работни места.