Граѓаните денеска слушнаа дека Никола Груевски е против зголемување на минималната плата за работниците од 12.000 денари. Затоа шири лажни вести, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Волково.

„Додека Груевски договараше провизии, плацови на Водно и други матни зделки, Македонија, во изминатите 11 години стигна до дното во регионот и Европа, со најниска минималната плата. Владата предводена од СДСМ овозможи работниците да добијат покачување на минималната плата на 12.000 денари. Дополнително овозможи и намалување на трошоците за живот, преку укинување на радиодифузната такса, враќање на евтината дневна тарифа на струјата, намалени катастарски трошоци до 50 отсто, со што се подобрува животниот стандард на граѓаните и повеќе пари остануваат во семејните буџети. Затоа на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, единствената партија којашто не плаќа данок во земјава, никој повеќе не им верува, ниту пак на нивните измислени лажни вести“, се вели во реакцијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2017 19:36