Во Истабнул, Турција за денеска и утре е предвидено да се одиграат натпреварите од четвртфиналето на Европското кошаркарско првенство.

Денеска ќе настапат единствените непоразени во досегашниот тек на Евробаскетот, бранителот на трофејот Шпанија и селекцијата на Словенија.

Распоред за денес:

17:45 часот Германија – Шпанија

20:30 часот Словенија – Летонија.

Утре (13 септември) на програмата се другите две четвртфиналиња:

17:45 часот Грција – Русија

20:30 часот Србија – Италија.

Победниците од двата дена ќе играат меѓу себе во полуфиналето.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2017 09:26