Најмалку 152 лица, меѓу кои и 23 деца, се затруени од истекување на хлор од една цистерна во округот Сирт во југоисточниот дел на Турција.

Како што соопшти турското Министерство за здравство, 92 од затруените се примени во болница, а уште 60 лица се сместени во шатори на Црвената полумесечина.

Во соопштението на Министерството се посочува дека инцидентот се случил во селото Акташ. Сите затруени се жалеле на чувство на гадење и на нагон за повраќање,

Гувернерот на Сирт, Али Фуат Атик изјави дека засега не е познато од каде се нашла цистерната во селото.

- Засега не станува збор за некаква сериозна состојба. Ги прзедовме сите неопходни мерки во селото, со цел жителите да можат да продолжат да живеат без опасност по нивното здравје, додаде Атик.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2017 09:56