Јавноста со право се прашува зошто Зоран Заев молчи после скандалозната зделка со која неговиот братучед Трајче Заев за само 20.000 евра станал сопственик на 22,25% од стρумичκиот κонфеκцисκи гигант „Геρас Цунев“.
Очигледно дека кланот Заеви не сакаат да одговорат како е можно за цена со која реално може да се купи само гарсониера од 25м2, да се купи таков имот, индустρинсκи погони и деловни пρостоρии од вκупна повρшина од 7.396 м2 за само 20.000 евρа.
Конфекцискиот гигант „Герас Цунев“ има деловен објект од 73м2 на улица „Благој Мучето“ бр.4 во Струмица и помошни простории на улицата „Гоце Делчев“ со површина од 65м2 и 82м2 и деловен простор од 53м2 на Кеј на револуција бр.5, Струмица. Само овие деловни објекти вредат најверојатно десет пати повеќе од сумата 20 илјади евра која ја платил Трајче Заев и со која се стекнал со речиси четвртина од вкупната сопственост на имотот.
А каде се индустриските погони, а каде се останатите деловни објекти, а каде се дворното место на „Герас Цунев“.
Сето ова Трајче Заев го платил малку поскапо од џабе.
Уште колку вакви багателни зделки добиле Заеви во само 100 дена?
Уште за колку фирми ќе слушаме дека ги купиле кланот Заеви низ Македонија?
Додека економијата паѓа, додека стандардот се намалува, додека опаѓа индустриското производтсво и просечната плата, Заеви се богатат. Дали после 100 дена власт Заеви сеуште се богати 6-8 милиони евра или можеби вредноста им рипнала.
Граѓаните гледаат и лесно може да проценат за што работи владата на СДС и Зоран Заев. Ваквата недомаќинска работа ќе биде казнета на 15-ти октомври од граѓаните, кои на СДС и на Заев ќе му испорачаат катастрофален пораз кој ќе биде вовед во предвремени парламентарни избори.