Шпанската полиција соопшти дека денешната антитерористичка операција во Барселона е преземена поради лажна дојава за поставена бомба.

Дел од шпанските медиуми објавија дека се уапсаени две лица.

Шпанската полиција на Твитер објави дека немало апсење и оти е нормализирана ситуацијата.

Претходно, како дел од антитерористичката операција шпанската полиција вечерва го опколи реонот околу катедрала „Саграда фамилија“, ги евакуира посетителите и ја затвори блиската метро станица.

Според полицијата операцијата беше преземена откако било забележано сомнително возило, паркирано комбе во близина на катедралата.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2017 22:26