Денес, со жалење можеме да констатираме дека болната транзиција од пред 25 години кога 200.000 граѓани на Република Македонија останаа на улица, а фирмите ги купија олигарси за буквално без пари, повторно ја зафаќа нашата држава.

Зоран Заев јавно призна дека фирмата на неговиот братучед Трајче Заев стана сопственик на една четвртина од гигантот „Герас Цунев“, за верувале или не сума од само 20.000 евра.

Зоран Заев не сака да ја каже вистината, не сака да каже како е возможно по цена на една мала гарсониера, да станеш сопственик на четвртина од имотот на стρумичκиот κонфеκцисκи гигант „Геρас Цунев“, фирма κоја поседува индустриски погони и деловни простории во вкупна површина од 7.396 м2.

Додека Зоран Заев беше градоначалник на Струмица, според нивните зборови бизнисите на фамилијата Заеви вределе само околу 6 до 7 милиони евра, па сега отворено се прашуваме колкав имот ќе имаат Заеви во време кога Зоран Заев е премиер?

Ширењето на семејните бизниси веќе започна.

Прва на листата за купување очигледно беше фабриката „Герас Цунев“, а никој не знае уште на колку фирми им се намерачиле да ги купат по багателни цени, а вработените да ги остават на улица.

ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше, а и денес предупредува, дека со доаѓањето на Зоран Заев и СДС во Владата на Република Македонија, сомнителните трансакции и дилови ќе ни станат секојдневие а фамилиите на Заев и другарите ќе стануваат се поголеми олигарси.

Граѓаните на Република Македнонија можат и мораат да му застанат на патот на ова лудило на СДС.

Граѓаните на локалните избори ќе кажат „не“ за ова брутално разграбување и уништување на македонската економија и брутално богатење на струмичките кланови.

Катастрофалниот пораз на СДС на претстојните локални избори ќе биде вовед во нови парламентарни избори кога целосно ќе биде поразена оваа погубна и штетна политика на Заев.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2017 15:45