Граѓаните на Република Македонија изминативе 100 дена се сведоци на скандали и штетни политики кои станаа основен белег на владеењето на СДС и Заев.

Намерата на СДС и Зоран Заев да се стави полицијата во функција на изборите преку притисоци и манипулации е скандал од невидени размери.

СДС сака на овој начин да ја узурпира волјата на граѓаните се со цел да го намалат катастрофалниот пораз на локалните избори

Откако беа фатени живи преку својата SWOT анализа дека сакаат да ја стават полицијата и Буџетот на Република Македонија за уцени и сеење на страв, во очај и паника поднесуваат кривични пријави против кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.

Јавно ги повикуваме Државната изборна κомисија κоја е диреκтно вκлучена во изборниот процес, Јавното обвинителство и меѓународната заедница да реагираат на овој тежоκ сκандал и да ги осудат ваκвите противзаκонсκи дејствија на Зоран Заев и Оливер Спасовсκи.

Граѓаните на Република Македонија во овие 100 дена ги препознаа катастрофалните политики на СДС

Граѓаните на Република Македонија во овие 100 дена препознаа лаги, манипулации и тотални измислици

Ваквото однесување мора да биде казнето, овие луѓе мора да си одат. Затоа Зоран Заев и СДС на претстојните избори на 15-ти октомври ќе бидат јасно и недвосмислено казнети од страна на граѓаните.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2017 13:14