Пратеникот и лидер на БЕСА Биљал Касами денеска поднесе оставка на пратеничката функција до Собранието на Република Македонија.
Од кабинетот на претседателот на Парламентот потврдуваат дека Биљал Касами поднел оставка.
Касами поднесе оставка поради тоа што се кандидира за градоначалник на Тетово на претстојните локални избори закажани за 15 октомври.