Фамилијата Заеви ја злоупотребува власта за лично богатење, и со матни зделки го шири бизнисот и купува компании по багателни цени.
Зоран Заев и неговата криминална банда од ден на ден влегува од скандал во скандал.
Олигарсите од Социјалдемократскиот сојуз со овој расипнички начин на владеење имаат јасна цел а тоа е додека се на власт да се збогатат со парите на граѓаните.
Со купување на струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев“, кланот Заеви го зголемија својот имот. Братучедот на Зоран Заев, Трајче Заев купил една четвртина од вкупната сопственост на „Герас Цунев“, и тоа верувале или не и тоа за цена за само 20.000 евра.
Граѓаните знаат дека со 20.000 евра, не може да се купи ниту карабина од 25м2, а не пак деловни простории и индустриски погони во површина од 1.849 метри квадратни. Со ова Заев јасно ја покажува неговата намера во наредниот период да ги купи сите големи фирми низ државата, а вработените да ги остави на улица.
Уште колку вакви сомнителни зделки ќе направи фамилијата на Заеви за да ја прошири својата бизнис империја?
ВМРО-ДПМНЕ неколку пати ги информираше и предупредуваше граѓаните дека доколку Социјалдемократскиот сојуз формира влада, криминалот од Струмица ќе се пресели на територија на целата држава.
Тоа всушност што го кажувавме тоа и се случува во овој момент. Зоран Заев ја користи својата сегашна позиција и функција за лично богатење, без да води грижа што ќе се случи кога ќе му заврши мандатот. Но, бидете уверени дека господинот Зоран Заев и сите останати околу него кои водат криминални зделки ќе одговараат кога ќе заврши нивната улога во Владата на Република Македонија.