Граѓаните одамна ги препознаа лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и знаат дека населувањето и вдомувањето на бегалци, постои само во пропагандата на Никола Груевски. Лажните вести и референдумите на непостоечки теми се последната надеж на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски дека ќе се спасат од пораз на локалните избори.
Очигледна е се поголемата нервоза во ВМРО-ДПМНЕ, особено по последните анкети кои покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе загуби на претстојните избори.
Македонија беше и ќе продолжи да биде земја транзит за бегалци, а најдобар доказ за тоа е фактот што досега низ Македонија поминаа над еден милион бегалци, а само 15 лица од нив останале на привремен престој во државата.
Референдумите се врвна демократска вредност и треба да се користат за клучни прашања од интерес на граѓаните, а не за лагите и пропагандата на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
За да се докаже апсурдноста и бесмисленоста на пропагандата на Груевски, СДСМ веќе јавно соопшти дека ќе гласа За на претстојните референдуми кои случајно или не, се организираат исклучиво во општините во кои ВМРО-ДПМНЕ знае дека убедливо ќе загуби.