Репрезентацијата на Шпанија го освои третото место и бронзениот медал на Евробаскет 2017, откако попладнево во „малото финале“ во Истанбул ја совлада Русија со 93:85 (21:13; 24:15; 21:27 и 27:30).

Ова за Шпанија е четврти бронзен медал на европските првенства или вкупно 13-ти медал во историјата. „Црвената фурија“ на последните десет европски првенства само на едно не освои медал, кога го освои четвртото место.

Натпреварот за бронзата Шпанците го решија во првиот дел кога на полувреме имаа водство од 45:28. Русија успеа да намали на три минути пред крајот на 78:76, но не и да направи пресврт слично како и во полуфиналето со Србија, кое го загуби.

Најефикасни кај Шпанија беа браќата Гасол, Пау постигна 26 поени, а Марк 25. Во редовите на Русија најпрецизен беше Алексеј Швед со 18 поени.

Вечерва со почеток во 20:30 часот се игра финалето меѓу Словенија и Србија.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2017 11:03