Државната Изборна Комисија не смее да дозволи да подлегне под притисоците на СДС и нејзина должност е да ги спроведе локалните референдум за мигрантите.
Во спротивно претседателот на ДИК Чичаковски и сите членови кои ке гласаат за таква одлука кривично ќе одговараат. СДС ги контролира сите државни апарарти и се обидува на секој начин да го спречи демократското право за спроведувањето на референдум за прашањата кои ги засегаа граѓаните.
ДИК мора да ги распише референдумите во над 10 општини низ цела Македонија кои ги собраа потребните потписи за распишување референдум, на кои граѓаните ќе се изјаснат дали се за или против населување на мигранти во нивната општина. Не смее да биде погазена вољата на граѓаните.
Граѓаните во огромен број застанаа против планот на владата на СДС за населување мигранти во нашата држава.
Граѓаните застанаа против мигрантите, против планот на СДС за населување на мигранти и против владата на СДС. Тие сакаат да го искористат своето демократско право и да гласаат на локалните референдуми. Но сепак најголемиот референдум за граѓаните ќе биде на 15 октомври кога сите заедно ќе застанеме против штетните политики на СДС. Заедно ќе ги поразиме овие штетни политики.