Преку планот за економски раст Владата предводена од СДСМ обезбедува услови за развивање на стабилна бизнис клима што ќе ја позиционира земјата како крајна стабилна дестинација за издржани и сигурни инвестиции.
Се работи на подобрување на инвестициската слика за Македонија од земја која што ги нудеше своите работиници како евтина работна сила, во земја што нуди државна поддршка и услови за отворање на нови доброплатени работни места, правна сигурност, поврзување со европските пазари и стандарди и реализација на капитални инвестиции за развој на патната, железничката и енергетската инфраструктура.
Планот за економски раст за новосоздадени работни места предвидува финансиска поддршка од покривање на 10% од исплатена плата којашто е за 50% повисока од минимало утврдената.
Мерките предвидуваат и дополнителни 2% финансиска поддршка за секоја 10% повисока плата, до максимални 16%.
Воедно, државата ќе стимулира отворање на високоплатени работни места со финансиска поддршка од покривање на 20% за исплатени плати кои се двојно повисоки од просечната плата.
За разлика од претходно кога владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ апсурдно трошеше 12 милиони евра за реклами во домашните медиуми за наводно привлекување на странски инвестиции или 31 милион евра за реклами во странство, сега парите се насочуваат во вистински цели, за поддршка на нови инвестиции и за нови подобро платени работни места.
Владата предводена од СДСМ создава услови младите високообразовани кадри да останат да живеат и работат во Македонија и шанса и реални услови за оние кои заминале да се вратат во својата земја.