Шеќеринска пред само 10 тина дена изврши набавка на лешници, бадеми и ф‘стаци, за потребите на нејзината трпеза во министерството за одбрана. Тој луксуз граѓаните ги чинеше дури 5.000 евра.
Сега почитувани граѓани, на електронскиот систем за јавни набавки стои оглас за набавка на морски плодови, според кој договорен орган е Министерството за одбрана со кое што раководи Радмила Шеќеринска. Проценетата вредност без ДДВ изнесува точно 4.860.952,00денари, односно околу 80.000 евра.
Без грам срам, надвор од човечкиот разум, Шеќеринска набавува морски плодови во вредност од 80.000 евра, а за потребите на војниците нема мрднато со мал прст.
Па ова го нема никаде почитувани граѓани.
Со ваквиот начин на работење Зоран Заев и Радмила Шеќеринска за брзо време ќе ја испразнат државната каса и ќе ја доведат државата пред колапс и целосен банкрот. Пари за покачување на пензиите на пензионерите, нема. Скратија 1.5 милијарди денари за образованието. Пари за покачување на просечната плата нема, а има за морски плодови, апетисани, лешници, саксиски цвеќиња и многу други непродуктивни работи од кои граѓаните немаат никаква придобивка.
ВМРО-ДПМНЕ неколкупати јавно го предупреди Заев и неговата недомаќинска влада да престанат да се однесуваат расипнички и да ги трошат парите на граѓаните за да ја задоволат сопствената жед за луксуз и комотен живот.
Граѓаните на сопствена кожа ја почувствуваа неодговорната политика на неспособна влада на СДС и Заев. Поради негрижата, неспособноста и неодговорноста граѓаните на 15-ти октомври на локалните избори ќе го казнат Зоран Заев и СДС. Граѓаните ќе му кажат НЕ на расипникот Зоран Заев, Радмила Шекеринска и екипата околу нив.