Земјоделците се жртва на погубните и елитистички политики на Зоран Заев. Заев пред целата македонска јавност кажа дека нема да има субвенции за земјоделците кои нема да остварат поголемо производство од претходната година.

Тоа практично значи дека владата на Заев нема да има слух за трудот и маката на земјоделците кои можеби нема да имаат повисоко производство од претходната година само заради временските прилики, и тие ќе бидат казнети од Заев со недобивање на субвенции.

Заев јавно кажа дека ќе крати од субвенциите. Заев кажа и дека нема да има субвенции за сите видови на земјоделски култури, туку само за одредени. Ова ќе значи крах за земјоделското производство и тотално исчезнување на некои култури од македонските полиња. Заев си поигрува со македонските земјоделци, нивната мака и труд.

Владата на СДС со кратењето на субвенциите свесно сака да го уништи земјоделството. Политиките на СДС во земјоделството ќе овозможат опстанок само на крупните земјоделски претпријатија и комбинати, што во исто време ќе значи смрт за малите земјоделци, кои своите фамилии ги прехрануваат од земјоделската дејност.

Заев е решен свесно да уништи илјадници земјоделци, кои прехрануваат исто толку семејства и чија главна дејност е земјоделството, само за да им излезе во пресрет на неколкуте регионални крупни земјопоседници кои ќе го преземат целото земјоделско производство во тие краеви.

Земјоделците се жртва на манипулаторот Заев.

Заев во текот на предизборната кампања ветуваше живот за земјоделците, поголеми субвенции и подобри услови, а сега 100 дена откако е седнат на власт, јавно да кажува дека нема субвенции за тој што нема да има поголемо производство од претходната година. Владата на СДС подготвува целосен план за кратење на субвенциите. Во интервју за една национална телевизија, Заев рече дека во моментов во Министерството за земјоделство финишираат плановите за ефикасното субвенционирање.

Ова ќе значи крај за обичните земјоделци. Ова ќе значи крај за земјоделството во Македонија. Земјоделството е на чекор да биде целосно уништено од елитистичките политики на Заев.

Граѓаните го гледаат расипничкиот однос на СДС кон сите сегменти во општеството. Можност да се запре ова лудило наречено СДС граѓаните имаат на претстојните локални избори на 15-ти октомври.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2017 14:16