Партијата ВМРО-ДПМНЕ којашто изминативе 11 години ја креираше најголемата младинска невработеност од 53%, за што алармираа светски познати институции, креира и шири лажни вести на кои никој млад човек во Република Македонија повеќе не верува.
Додека младите луѓе масовно се иселуваа од земјата во потргага по достоинствена работа, Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ се богатеа на сметка на осиромашените граѓани, купуваа скапи парцели на Водно, и расипнички ги цедеа парите на граѓаните преку криминални тендери и зделки.
Владата предводена од СДСМ ги санира огромните штети што ВМРО-ДПМНЕ им ги направи на младите луѓе и обезбедува реални услови тие да останат да работат и живеат во Република Македонија.
Лажните тврдења на Оливер Пап за младинската гаранција покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е против и не сака државата да им помогне на младите за вработување, за продолжување на образованието, или за нивни тренинг и обука и затоа меѓудругото ги блокираат собраниските процедури за носење на законите кои се во интерес на граѓаните.
Со ребалансот на буџетот одвоени се 500 милиони денари за Младинската гаранција и државата финансиски ќе им помогне на фирмите да вработат млади луѓе или да обезбедат тренинг или обука, додека финансиски ќе им се помогне и на оние млади коишто ќе сакаат да го продолжат своето образование. Со планот за економски раст Владата предводена од СДСМ обезбедува и услови за отворање на добро платени работни места за високообразовани кадри, а исто така за младите луѓе кои се занимаваат со земјоделство овозможена е еднократна финансиска помош до 10.000 евра.
Владата предводена од СДСМ ги отвора економските перспективи кои ќе обезбедат достоинствен живот и за младите луѓе и за сите граѓани на Република Македонија!