Заев јавно најави кратење на земјоделските субвенции. Заев - човекот кој од опозиција ветуваше живот, сега од позиција на премиер, јавно кажа дека нема да има субвенции за оние земјоделци кои нема да остварат поголемо производство од претходната година.

Јавноста може да види дека Заев не го интересираат земјоделците, ниту пак некогаш мислел за нивно добро, тој само ги манипулирал во тек на избори, за да ги добие нивните гласови.

Заев во интервју за една национална телевизија јавно кажа дека во моментов финишираат плановите за ефикасно субвенционирање.

Ова значи крај за македонските земјоделци! Ова значи дека некои земјоделци кои макотрпно работат во текот на целата година и нивниот род биде уништен или намален од временска непогода, истите нема да можат да прикажат раст на производство и со тоа нема да можат добијат субвенции.

Заев си поигрува со македонските земјоделци, и со нивната мака и со нивниот труд. Заев со кратењето на субвенциите ќе остави без основна егзистенција илјадници семесјтва чија единствена дејност е земјоделието.

Заев спроведува елитистичка политика во земјоделието. На удар на елитизмот на СДС се малите земјоделци, кои ќе треба да се откажат од дејноста, бидејќи нема да можат да остварат профит.

Со ова работи на создавање на неколку регионални земјопоседници и стопаственици, кои во своја сопственост ќе ја имаат целата земјоделска површина и од нив ќе зависи цената на пазарот, во такви услови малите земјоделци ќе бидат проголтани и нема да можат да опстанат.

Заев дополнително најави дека нема да има субвенции за сите видови земјоделски култури, туку само за одредени. Овој чекор ќе предизвика целосно исчезнување на одредени култури од македонските полиња.

СДС не им ги исплати на време субвенциите на земјоделците, предизвика застој и несигурност.

СДС е вистинска временска непогода за македонското земјоделие. СДС наместо ветените покачувања и поволности за земјоделците кои ги ветуваше за време на изборите, крати од буџетот за земјоделие без око да им трепне.

СДС со самото доаѓање на власт скрати 387 милиони денари од буџетот за земјоделие. СДС скрати 159 милиони денари за водостопанство, 128 милиони денари за капитални расходи и 100 милиони денари за рурален развој.

СДС ветуваше интервентен фонд од 6 милиони евра, но интервентен фонд нема.

СДС се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ во земјоделието. Проектот млад земјоделец е проект воведен од ВМРО-ДПМНЕ и од 2012 година до 2016 година беше искористен од околу 300 млади земјоделци кои добија грант од 10.000 евра.

Политиките кои СДС ги спроведува во земјоделието ќе го уништат македонското земјоделие. Граѓаните ја гледаат сета деструктивност на СДС и затоа ќе ги казнат на претстојните локални избори на 15-ти октомври.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2017 15:49