Владата на СДС не е реформска туку антиреформска. СДС создава вистински хаос во културата. СДС скрати 4,5 милиони евра за култура. Намалени се средствата за заштита на културното наследство, за филмската продукција, нема инвестиции во културата, нема средства за доградба на струмичкиот театар.
Првите 100 дена на Алаѓозовски ќе бидат запаметени по масовната и безочна дискриминација на уметниците, со заложбата за укинување на титулата Национален уметник, со која се вреднува трудот на уметниците - нашите врвни амбасадори на македонската култура во светот.
Неспособниот Роберт Алаѓозовски и неговите очајно лоши советници од типот на Златко Теодосиевски - осомничен за финансиски малверзации во времето кога извршувал висока позиција во Министерството, Мирослав Грчев кој на јавноста и е познат по своите нихилистички ставови кон сопствениот народ, Донка Браџиева - претседател на непостоечка невладина организација, нереализиран самонаречен експер и тажен лик од областа на заштитата на културното наследство - не се и не можат да бидат репрезенти на Македонското културно живеење денес заедно со Алаѓозовски, тие го сочинуваат црниот мозаик на негрижата за македоснката култура денес.
Алаѓозоски го претвори министерството во институција која треба да се наполни со партиски кадри. Алаѓозоски го смени маестро Зоран Џорлев од раководната позиција во Танец, за на негово место да го постави среднистот Стојанче Павловски. Ова е свесно креирање на хаос и потценување на сите културни работници.
Обвинувањата на Алаѓозоски околу изградбата на објектот на Македонската филхармонија, која не е само од значење за македонските уметници, туку за сите идни генерации се малициозни и неосновани и се обид да се дефокусира јавноста под фактот дека Роберт Алаѓозоивски во првите 100 дена од своето владеење не направи буквално ништо.
Роберт Алаѓозовски не реализираше ниту еден единствен проект со кој би се подобрило културното живеење во Република Македонија.
Неспособниот Роберт Алаѓозовски се обиде да ја затскрие својата неспособност зад насилни и незаконски отпуштања од работа на десетици административци докажани професионалци во културата, укинувања на низа погодности за македонските уметници и тотална негрижа за стручниот кадар во администрацијата.
Приказните за некаква си интензивна меѓународна соработка, средби со странските амбасадори и некаква си меѓународна поддршка на неговите политики, кој впрочем ги нема, се само мртво слово на хартија и приказни за мали деца. Она што за Алаѓозовски е поддршка од преку дваесет странски амбасадори, за странските амбасадори е секојдневна работа - во описот на нивните работни места е да се сретнат со новоименуваните министри и ништо повеќе.
Алаѓозовски во изборна кампања ветуваше заштита на скопскиот аквадукт и конзервација на "Ангелот во Курбиново". Од позиција на министер овие работи станаа неважни за него.
Алаѓозовски во текот на изборите секојдневно беше пред археолошкиот локалитет Скупи изразуваше драматична загриженост за неговата судбина ?! Знаете ли колку пати Алаѓозовски во изминативе сто дена, го посети или барем го спомена Скупи ? Одговорот е ниту еднаш.
Заклучокот е многу едноставен. Она што опозиционерот Алаѓозовски го говореше - Министерот Алаѓозовски го заборави.