Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски се уште молчи за своето незаконско, криминално и недомаќинско работење.
И покрај тоа што Владата на Република Македонија има правна служба кој ги врши сите свои правни работи, Рашковски го ангажирал адвокатското друштво на кумашинот Дејан Костиќ кое е формирано пред само неполни два месеци, поточна на 27 јули, а по само неколку дена добива повеќе ангажмани од владини институции.
Што фрла сомнеж дека ова е намерно направено се со цел да се испумпуваат парите од државните институции и со тоа да се доведе до банкрот и целосен крах на државниот буџет.
Од она што јавноста го знае досега е дека оваа адвокатска канцеларија за неколку часови давање услуги наплаќаше неверојатни 36.788 денари како и 10.500 денари што значи класично испумпување на средствата од буџетот.
Но, почитувани граѓани ова не е единствен случај на непотизам, за скандалот да биде уште поголем, Рашковски за претседател на второстепената владина комисија за жалби ја назначи, Елена Начевска, мајка на неговата сопруга Вероника Начевска.
Третиот случај, а не и последен од низата на скандали е вработувањето по семејна линија од страна на Драги Рашковски со назначувањето на Ѓорѓи Георгиев за директор на Бирото за јавни набавки. Со ова Генералниот секретар на владата на СДС е класичен поим за непотизам.
Драги Рашковски и СДС се однесуваат како државата да е нивна приватна сопственост, а институциите нивни приватни фирми.
Овој бандитизам мора да заврши и ќе заврши.
Граѓаните на 15-ти октомври на претстојните локалните избори ќе кажат не на расипничка политика која ја спроведуваат СДС и Заев.