Фабриката „Санос“ во која освен руинирани хали и само 3-ца вработени, според информациите кои излегоа во медиумите нема ништо друго. Во „Санос“ нема ни „Р“ од работен процес кој според најавите на Зоран Заев требаше да продуцира 70 автобуси за извоз.
Каде се произведуваат автобусите? Во Македонија или некоја друга држава?
За вакви фирми ли ветуваше државна помош Зоран Заев, фирми кои само фигурираат на хартија со 1, 2 или 3 вработени кои треба да произведуваат 70 автобуси? Крајно сомнително и криминално.
Зоран Заев кога го посети „Санос“ најави: Сметајте на директни бенефиции од државата за секое ново работно место, за секој нов продукт, за секое ново производство. Бидејќи ниту од автобусите има нешто, а ниту од нови вработени прашуваме дали зад овој проект се крие криминален план за испумпување на пари од Буџетот, фингирани субвенции и оштетување на граѓаните.
Се работи за сериозен сомнеж дека ова може да биде една голема пералница на пари, со оглед на тоа дека можеби станува збор за репарирани автобуси кој беа прикажани како нови и дека истите ќе се извезуваат со цел да се одбегне плаќање на ДДВ кон државата.
Ова е мега скандал.
Оваа влада е срам за државата. Ова е срам за сите нас.
Господине Заев доста ги лажете македонските граѓани со фантом фабрики и фантом инвеститори. Ова е криминал и за него мора да одговарате.