Иако ветуваа чуда Владата на СДС за 100 дена не направија никакво помрднување на евроинтеграциите. Единствено што направија е пазар со државните и националните интереси.
Ветуваа брз влез во НАТО и ЕУ. Тоа што ветија не го исполнија. Не само што не станавме членка на НАТО и ЕУ, туку сега се обидуваат да ги измамат граѓаните обидувајќи се да го претстават како успех деблокирањето на препораката за отпочнување на преговори за членство во ЕУ, односно остранување на условеноста на препораката. Да потсетиме, Македонија таква препорака имаше се до моментот кога СДС одлучи да ја втурне државата во најголемата политичка криза. Сега тоа што го промовираат како успех не е ништо друго освен враќање назад кон целите кои веќе ги имаше постигнато ВМРО ДПМНЕ, и патот кој веќе беше изоден. Затоа сега се почесто слушаме изјави дека не зависи само од Македонија влезот во НАТО и ЕУ туку од објективниот проблем со името.
Одбраа политика на понижување.
Нашата надворешна политика е без никаков концепт и базирана исклучиво на рушење на достоинството на нашата држава и константно понижување.