Ова е чиста монтирана политичка хајка против мене и функционери на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи поднесени три кривични пријави кои за многу правници, а и за другите луѓе изгледаат доста смешно, изјави градоначалникот на општина Неготино, Ванчо Апостолов.
Тој појасни дека за првата кривична пријава, склучен бил договор со интернет порталот НеготиноИнфо (www.negotinoinfo.mk), каде, како што рече, за услуги од информативен и забавен карактер нема обврска општината да распишува јавна набавка. Апостолов истакна дека е нормално општина Неготино да соработува со портал од Неготино, а не медиуми кои доаѓаат од други градови.
-Во врска со вториот наод за изградбата на фотоволтаични централи Рудине Енергија, каде што општина Неготино, односно Советот на општината по барање на инвеститорот, бидејќи Советот на општина Неготино не може да овозможи изградба на инфраструктура, бидејќи е поспака, можеби 20 или 50 пати, отколку средствата кои се опредени за комуналии. И тоа е пракса во повеќе случаи, не само во општина Неготино, во цела Република Македонија, па можам да кажам и во целиот свет. Бидејќи самата инвестиција се гради за многу побрзо време отколку општината да прибере средства комунална инсфраструктура и според мене, апсурдно е тоа, посочи Апостолов.
Во врска со третиот случај, за назначување на в.д. Директор, тој појасни дека инспекторатот на Министерството за образование е надлежен и е должен да ја извести општина Неготино, односно градоначалникот.
Јас не гледам неправилно функционирање во самото училиште и сметам дека тука нема апсолутно ништо кривично. Мислам дека е време веќе да се престане со политичката хајка бидејќи на општина Неготино, архивата, цела е на фотокопирање, бидејќи се прави претрес на целата архива во општината, потенцира Апостолов.
Додаде дека веќе неколку пати е направена ревизија.