Сугарески преку бледи изјави сака да ја оправда својата неспособност и неработење, па се служи со разно разни лаги и манипулации.
Владата на СДС и Горан Сугаревски за 100 дена од нивното владеење освен што институциите ги внесоа во целосен хаос и безредие, ги стопираа сите позначајни инфраструктурни преокти.
Сугарески и Заев свесно ја прекинаа изградбата на автопатите Миладиновци - Штип, Кичево - Охрид, Демир Капија – Смоквица, со тоа оставија без ангажман неколку илјади работници.
СДС и Заев во време на изборна кампања ветија 600 километри автопати и 550 километри магистрални патишта. Досега не се почнати ниту 100 метри.
СДС вети. СДС излажа.
СДС и Сугарески треба да престане да се однесува како опозиција и да почне да се однесува одговорно кон граѓаните. СДС да реализираат барем еден единствен проект од кои би се подобрил животниот стандард и квалитетот на граѓаните.
Граѓаните на 15-ти октомври на локалните избори ќе го казнат недомаќинското работење на Заев и СДС. Граѓаните ќе му кажат НЕ на Заев и СДС.