Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, во вечерашното гостување во емисијата „200“ на телевизијата „Алсат-М“, во одговор на новинарско прашање во врска со потеклото на „бомбите“, повторно повтори дека тоа биле сечени, лепени и монтирани материјали кои имале цел да ја симнат владејачката партија од власт.
Тој додаде дека материјалите ги снимале странски служби во соработка со лица вработени во МВР, кои заедно работеле на уривање на ВМРО-ДПМНЕ, што всушност го потврдиле скајп-комуникациите и лицата против кои имало судски процеси.
Во врска со претстојните локални избори, на прашање од новинарот дали е спремен да си поднесе оставка од челната позиција во партијата доколку ВМРО-ДПМНЕ ги изгуби изборите, Груевски кратко одговори: „Претседателот на партијата ја носи најголемата одговорност“.