Малата точка е од голема помош за многу корисници

Во денешно време далечинскиот управувач е алатка без која неможеме.

Една од работите што сигурно сте ја забележале во врска со овој предмет е дека на копчето со број пет има една (или две) ситни испакнатини во облик на точки или цртички.

Вакви ознаки има речиси секој далечински управувач, а ние сме сигурни дека многумина од вас се прашале која е нивната намена.

Далечинските управувачи се направени за нивното користење да биде колку што е можно поедноставно и полесно за секого.

Производителите притоа мислат и на лицата со оштетен вид, поради што општо прифатен стандард во производството на далечински управувачи стана да се поставуваат мали испакнатини во форма на точки или цртички на копчето со број 5.

Ваквите испакнатини им овозможуваат на слабовидните личности со помош на допир да утврдат каде се наоѓа копчето со број пет и полесно да се ориентираат за местоположбата на останатите копчиња.

Меѓутоа, испакнатините се корисни и за лицата со нормален вид бидејќи без гледање во далечинскиот управувач можат да се ориентираат за распоредот на копчињата на далечинскиотуправувач, а испакнатината на копчето со број 5 помага и при користење на управувачот во темница.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2017 21:00