Скандалот со „Санос“ станува сериозен. Постои основано сомневање дека преку оваа фирма се врши криминал со перење на пари и неоснован поврат на ДДВ. Оваа фабрика има само 3 вработени, а според најавите на Зоран Заев треба да произведе 70 автобуси. Сомнително и скандалозно. И повторно како по правило и овој случај се врзува со името на Зоран Заев кој што не само што ја посети фирмата „Санос“, туку и најави дека ќе и дава директно државни субвенции.
Бидејќи од институциите има молк денес бараме Агенцијата за вработување јавно да ја потврди информацијата дека „Санос“ има само 3 вработени и со тоа да го потврди целиот сомнеж дека некој сака преку оваа фирма да прави криминал и да испумпува народни пари на име на државни директни субвенции.
Според информациите од медиумите царината потврдила дека „Санос“ нема направено никаков извоз, што е уште една потврда дека „Санос“ не произведува нови автобуси.
Ги повикуваме сите, вклучително и обвинителството да отворат постапка за скандалот наречен „Санос“ пред да биде премногу доцна и пред да почнат неосновано да му се исплаќаат милионски износи на име државни директни субвенции, како што впрочем најави Зоран Заев.
Мора да се застане на патот на матните зделки и одлевањето на милиони евра во приватни џебови. На потег се институциите, бидејќи граѓаните тоа ќе го направат на 15-ти октомври на локалните избори кога ќе го испорачаат поразот на Зоран Заев и СДС, што ќе биде казна за нивното неодговорно и штетно владеење.