Кочо Анѓушев и Зоран Заев ќе остават повеќе од 1.000 работници на улица. Кавадаречкиот металуршки гигант „Фени" е пред затварање поради бизнис интересите на Кочо Анѓушев. Фирмата која го снабдува „Фени" со електрична енергија ЕДС, а која е во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев, веќе ја блокираше сметката на „Фени". Судбината на околу 1.000 работници, но и на комбинатот е во рацете на Анѓушев. Извршители веќе го попишуваат имотот на „Фени" кој треба да биде запленет. Само дел од вработените одат на работа. Ова ли е животот кој го ветуваа Заев и СДС пред изборите? За овие 100 дена граѓаните видоа во чиj интерес работи владата, во чии џебови завршија тендерите, и кој ги превзема фабриките за багателни пари.

Прашуваме во чиј интерес е да се затвори „Фени"? Дали ова значи свесно обезвреднување на капиталот за да подоцна пропадне во рацете на бизнис двоецот Заев Анѓушев?

Металуршкиот комбинат „Фени“ со децении наназад значи егистенција на луѓето во Тиквешијата. Покрај директните вработувања речиси секој поголем бизнис е директно или индиректно поврзан со комбинатот. Многу добавувачи, транспортери, шпедитори соработуваат со „Фени“ и сега нивната работа и нивните вработувања се доведени во прашање.

Нема оправдување за затворање на гигантот од кого зависи егистенцијата на ијладници жители на Тиквешијата. До само пред неколку месеци овој капацитет работеше со полна пареа.

Затоа на 15-ти октомври граѓаните ќе ги казнат ваквите погубни политики на СДС.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2017 17:57