Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири што конечно парите се враќаат назад кај граѓаните, а не одат во џебот на Никола Груевски. Лажните вести и бројки на ВМРО-ДПМНЕ нема да го променат фактот дека за разлика од неконтролираното, тајно и расипничко задолжување на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ ја намали зачестеноста на задолжувањата, а буџетските пари се користат за повиоски плати и пензии, за поголема помош за домашните компании и за решавање на долгогодишните проблеми на граѓаните.
Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижеше за економијата и граѓаните немаше 11 години да ја задолжува државата и да ги осиромашува граѓаните. Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижи за државата нема секојдневно да изнесува лажни вести и бесмислени математики со кои очајно се обидува да ги плаши граѓаните.
Залудни се сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ да ги сокријат штетите од нивното 11 годишно расипничко владеење и да се спасат од одговорност за сето она што им го направија на граѓаните. Ниту една бесмислена математика нема да да им помогне на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски да се спасат од извесниот пораз на локалните избори и од одговорноста за сторените криминали на штета на граѓаните.