Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје во врска со преземањето на „Макпетрол“ АД Скопје соопштува дека во сите постапки на преземање Депозитарот постапува во границите на неговите овластувања пропишани со Законот за преземање на акционерските друштва.

„Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје е една од клучните институции на пазарот на капитал во Република Македонија, на која една од основните функции е да ја гарантира сопственоста над хартиите од вредност и правата што произлегуваат од сопственоста на хартиите од вредност. Депозитарот 16 години континуирано придонесува за стабилноста и развојот на пазар на капитал применувајќи во своето работење високи стандарди со цел да придонесе кон одржување на интегритетот на пазарот, а воедно и да ги заштити интересите на сите сопственици на хартии од вредност“, се вели во соопштението.

Во таа насока, велат од Централниот депозитар, со оваа соопштение ја известуваме јавноста во врска со скорешните изнесени информации поврзани со преземање на акционерските друштва дека во сите постапки на преземање Депозитарот постапува во границите на своите овластувања пропишани со Законот за преземање на акционерските друштва.

„Ја користиме пригодата да ја честитаме јубилејната 70-годишнина од работењето на компанијата нагласувајќи ја постојано коректната и успешна соработка на Депозитарот со „Макпетрол“ АД Скопје“, стои во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2017 18:36