Пилотот загинал, а три леца се повредени откако авион се урнал на аеродромот Ататурк во Истанбул, соопштуваат турските медиуми.
Две писти се затворени на главниот аеродром во Истанбул откако приватен авион се урнал и запалил.
Луксузниот авион требало да лета од Истанбул за Кипар, но набргу по полетување пријавил проблеми и се урнал при обидот за слетување.
Пожарникарите пристигнале и брзо го изгаснале пожарот.