Три европски авиокомпании донесоа решение да ги променат маршрутите над Јапонија заради неодамнешните севернокорејски ракетни проби, јави телевизијата Ен-Ејч-Кеј.
Од октомври летовите на Луфтханза, Суис интернешнал ерлајнс и Скандинавски авиолинии од европски градови до Токио нема да летаат над Јапонското Море.
Засега, главните јапонски авиопревозници Ол нипон ервејз и Џапан ерлајнс немаат намера да воведуваат такви мерки. Според експерти веројатноста за судар на авион со балистичка ракета во пракса е рамна на „нула“, бидејќи летаат на различна височина.