Најмалку 15 лица загинаа во Порторико по ударот на ураганот Марија, што го погоди островот како бура од четврта категорија.

Исто толку загинаа и на островот Доминика, а дваесет се водат за исчезнати. Франција почна да испраќа помош за малата земја. На островот пристигнаа и околу 70 француски пожарникари.

Три лица загинаа и во Хаити, иако ураганот не ја погоди директно државата.

Стихијата е веќе во трета категорија и е со ветрови 205 километри на час.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2017 20:20