СДС не направи ништо да го реши проблемот во однос на здравјето на населението предизвикано од загадувањето на животната средина.
За овие 112 дена СДС единствено стана синоним за безредие и хаос.
За овие 112 дена СДС не направи ништо за подобрување на стандардот и за квалитетот на живеење на граѓаните на Република Македонија.
Македонија се соочува со значајни проблеми во однос на здравјето на населението предизвикано од загадувањето на животната средина, а владата на СДС не мрдна ни со прст.
Владата на СДС наместо да се фати за работа, тие организираат протест за здрава средина каде што функционерите одат и се сликаат.
Додека владата предводена на ВМРО-ДПМНЕ спроведуваше мерки за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните, СДС не мрдна ни со прст.
Пример за такви мерки што беа спроведени од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ беа:
Мерка за субвенционирање на набавка на печки за греење во домаќинствата, за оваа мерка државата ќе обезбедеше субвенции до 70%, по принципот старо за ново за најмногу 30.000 денари по домаќинство.
Субвенционирање на набавка на електромобили со нула емисија на штетни честички, со што владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваше субвенција за купување на електрично возило и тоа од 3.500 евра за секое електрично возило чија набавна вредност е до 25.000 евра, и субвенција од 5.000 евра за секое електрично возило чија набавна вредност е над 25.000 евра.
Субвенции за набавка на плински уреди во автомобилите со што требаше да се овозможат ваучери од 300 евра за набавка на плински уреди кои ќе се распределат на јавен повик секоја година.
Мерката за гасификација со чија придобивка освен намалување на загадувањето на воздухот, е заштеда на буџетот на оние кои го користат, и тоа за 7% поевтинување за оние кои се греат на дрво, поевтинување за 35% за оние кои сега се греат на струја, и поевтинување за над 50% за оние кои користат друг вид на течни и тврди нафтени горива.
СДС на граѓаните ветуваше многу, а не реализира ништо. Граѓаните гледаат дека СДС ни носи само стагнација и хаос, и за тоа ќе го казнат СДС на претстојните локални избори на 15-ти октомври.