Несериозни и неточни се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за предложениот Закон за амнестија.
Законот за амнестија се предлага како израз на добра волја на државата кон одредена група на правосилно осудени лица, а со цел за нивна ресоцијализација.
Во исто време, се земаат во предвид и условите во казнено-поправните установи во земјава, за кои во изминатите години претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ не направи ништо и со тоа придонесе за дополнително влошување на оваа состојба.
Очигледно од ВМРО-ДПМНЕ не им се допаѓа ова затоа што нема да има амнестија за криминалот во нивните редови. Јасно му е и на Никола Груевски дека ќе има одговорност.
Предлог законот нема да аменстира лица правосилно осудени на казна доживотен затвор, како и сторители на кривично дело Убиство. Нема амнестија за кривични дела против избори и гласање и нема амнестија за кривични дела против половата слобода и половиот морал, односно за половите злосторства против малолетни лица.
Предлог законот не предвидува ослободување на лица што сториле кривични дела против државата и кривични дела злосторничко здружување.
Република Македонија е хумано и социјално одговорно општество и тие стандарди, согласно цивилизираните и европски принципи, ќе се однесуваат и на правосилно осудените граѓани кои издржуваат казни во казенено-поправните установи.