СДС за само три ипол месеци создаде вистински хаос во економијата.

Бледата прес конференција на министерот за економија само ја покажува безидејноста на СДС кога е во прашање економијата.

СДС со својата расипничка политика ја води државата кон економски колапс и банкрот. Катастрофалната политика на СДС во економијата и обелоденувањето на договорите со странските инвеститори од државата ќе ги избрка постојните инвеститори и ќе затвори илјадници работни места.

Лошата политика на СДС кон странските компании ќе ги демотивира сите потенцијални инвеститори, кои во идниот период планирале влез во Македонија, кои своите инвестиции ќе ги пренасочат кон некоја од соседните држави, со поповолна бизнис клима.

Катастрофалната економска политика на владата доведе до пад на индустриското производство за 12%, пад на прометот во индустријата за 0.7%, пад на просечната нето плата и пад на извозот за 2.2%.

СДС за само три ипол месеци ја задолжи државата за нови над 250 милиони евра, а од државните девизни резерви стопи цели 177 милиони евра.

СДС со секој нов чекор ја заглавува економијата. Најавеното зголемување на даноци, кое според медиумите блиски до власта ќе се случи пред крајот на календарската година, ќе значи смрт за македонската економија, затворање на работни места, зголемување на невработеноста и следствен пат на животниот стандард.

Таканаречениот план за енегретска ефикасност со кој се фали владата на СДС, а со кој се предвидува целосна либерализација на пазарот со електрична енергија ќе донесе повисоки сметки за струја за домаќинствата и до 60%.

Либерализацијата на пазарот на електрична енергија ќе овозможи само повисоки профити за фирмите на Кочо Анѓушев, кои со по неколку вработени ќе книжат милионски профити.

Неспособноста на СДС во управувањето со економијата е препознаена од граѓаните и ќе биде казнета на претстојните локални избори на 15-ти октомври.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2017 20:53