Неколку десетици илјади лица се собраа денеска на централниот полоштад „Ким Џонг-ил“ во Пјонгјанг за да му изразат поддршка на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, по најновите закани од САД упатени кон Северна Кореја.

Ученици во бели блузи и црвени марами околу вратот, граѓани со крената рака стисната во песница, припадници на Армијата и голем број државни и знамиња на вледејачката Работничка патија на Кореја, беа главниот колорит на собирот на кој говорниците ги цитираа изјавите на Ким Џонг-ун со кои го критикува американскиот претседател Доналд Трамп.

На плоштадот беше поставен и огромен плакат со натпис „Одговорот на Кореја“, на кој беа прикажани балистички ракети како паѓаат врз американскиот Конгрес.

Ваквите собири се честа појава во Северна Кореја, чија цел е „да се покаже народната подршка на лидерот“.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2017 18:12