Владата на СДС влегува од криминал во криминал со цел фирмите на Анѓушев да можат непречено да си ги тераат своите бизниси.

Фирмите на Анѓушев кршејќи го законот за градење, отпочнаа со градбата на хидроелектраната „Тополка“ една недела пред законски дозволеното.

Со овој случај се докажува дека се е однапред договорено и наместено, се знае кој ќе гради, кој ќе добие одобрение и дека фирмата на Анѓушев е таа која ќе заработи милиони.

Имено одобрението за градба издадено на 11-ти септември, станува правосилно на 26-ти септември, датум на кој може да почне изградбата, во спротивност со тоа фотографиите од терен кои ги видовме низ медиумите покажуваат дека фирмите на Анѓушев ја отпочнаа градбата уште на 20-ти септември.

Иако медиумите и јавноста веќе алармираа за криминалот на Анѓушев толериран од страна на власта, ниту надлежниот инспекторат за градежништво, ниту надлежното јавно обвинителство не реагираат.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува надлежните органи да го истражат целиот случај и да утврдат одговорност, како за одговорното лице, така и за надлежните во институциите кои го дозволуваат ова безаконие.

Ова не е прв случај на криминал со цел овозможување на непречено одвивање на бизнисите на Кочо Анѓушев.

Владата за случајот „Тополка“ веќе еднаш го прекрши законот, со тоа што дозволи во период пред избори да биде извршена пренамена на земјоделско земјиште во градежно, во спротивност со Изборниот законик.

Институциите потиснати под јаремот на партијата на власт молчат. Ваквиот криминал не смее да остане премолчен, институциите мора да работат согласно закон и да го извршуваат дословно.

ВМРО-ДПМНЕ ги потсетува сите прекршители на законите дека ваквиот криминал нема да остане неистражен и неказнет. Со враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија, сите незаконски постапки ќе бидат ревидирани и ќе се утврди индивидуална одоговорност за секој еден прекршител на законските норми.

Доаѓа крајот на ваквиот правен хаос. На претстојните локални избори на 15-ти октомври граѓаните ќе му стават крај на ваквото деструктивно владеење.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2017 18:36